Катастрофа ѝ се заканува на Барса: Не е само Меси, клубот не може да регистрира ниеден нов играч

Ужасното финансиско работење претходните години ова лето го зеде данокот во Барселона на која ѝ се заканува вистинска катастрофа.

Шпанските медиуми утринава објавија дека не е проблемот само во регистрацијата, односно продолжувањето на договорот со Лионел Меси. Барселона нема да може да регистрира ниедно засилување додека не ги среди финансиите, односно не ги скрати трошоците за плати. Сумата која оди на оваа ставка е преголема и речиси е невозможно за помалку од еден месец да се среди овој проблем.

Летово Барса ги донесе Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Емерсон и Мемфис Депај, отштета плати само за Емерсон и тоа девет милиони евра, но тоа на крајот ништо нема да значи. Во исто време, клубот продде фудбалер за вкупна сума од 28,5 милиони евра.