КАТАСТРОФА: Македонија загуби со 101-24!

Македонската женска кошаркарска селекција за играчки до 16 години неславно го започна Европското првенство од Б дивизија.

Во воведниот натпревар нашите надежи забележаа тежок и болен пораз, рамен на катастрофа.

„Црвено-жолтите“ во рамки на 1. коло од групат Д се поразени од Холандија со резултат од 101-24.

Во првиот дел постигнавме само пет поени од кои 2 во првата и 3 во втората четвртина. В сабота го играме следниот меч кога на програмата е дуелот со Бугарија.