Кастратовиќ предупредува: Ниту еден противник од Хрватска не смее да биде потценет

Првиот човек на Металург, Зоран Кастратовиќ, смета дека се генерално задоволни од добиениот противник во ждрепката за првото квалификациско коло во Лига Европа.

Но Кастратовиќ предупредува, ниту еден тим, посебно од Хрватска, не смее да биде потценет пред натпреварите.

Металург во првата квалификациска рунда ќе игра против тимот на Спачва од Хрватска.

Се работи за една полудиригирана ждрепка, па можеше и да се предвиди кој би можел да биде нашиот противник. Се работи за екипата на Спачва од Винковци, која доаѓа од Хрватска, а тоа е земја која е актуелен вицешампион на Европа. Затоа не смееме да го потцениме противникот и нема да се опуштиме. Засега немаме квалитетни информации за нашиот ривал, но ќе се обидеме што е можно побрзо да успееме да дојдеме до нив.

Средбата со Спачва ќе ни биде првиот официјален натпревар во новата сезона. Сосема извесно е дека сакаме да влеземе добро во сезоната, но сакаме во следниот петнеделен период и да оформиме игра по која Металург ќе биде препознатлив. Наша примарна цел е настап во групната фаза на Лига Европа“, изјави Зоран Кастратовиќ.