Каспер Руд пред финалето со Ѓоковиќ: Најтешкото е пред мене, овде е тешко да го победите

Норвешкиот тенисер Каспер Руд, зад себе има одлична сезона и би можел таа да ја круниса со титула во Торино.

Тој во финалето на завршниот мастерс турнир, ќе се соочи против Новак Ѓоковиќ.

Свесен е дека четвртиот светски рекет е тежок противник и дека ќе мора да брилјира и да го одигра мечот на кариерата за да дојде до трофеј овде.

Финале против Ѓоковиќ во сала? Тоа е нешто најтешко во историјата на нашиот спорт. Знам дека морам да одиграм маестрално против него, бидејки никогаш го немам победено. За почеток, морам да верувам во победа. Нема да биде лесно, но ќе дадам максимум, како што и секогаш го давам“.

„Оваа година го достигнав нивото кое го посакував, го имам најдобриот ранкинг во кариерата, а блиску сум до тоа да бидам број 1. Мотивација нема да ми биде потребна, ја имам и ќе дадам се од себе“, порача Руд.

Финалето стартува од 19 часот вечерва.