Каскарино знае зошто Азар имаше „посна“ сезона со Реал Мадрид

Некогашниот фудбалер Тони Каскарино, имаше интересна анализа за не така успешната сезона која Еден Азар ја имаше со Реал Мадрид.

Тој комплетираше една сезона со „кралевите“, во која освои титула во Примера, но повторно Реал остана со празни раце и беше елиминиран во раната фаза од ЛШ, во осминафиналето.

Каскарино има своја идеја односно размислување зошто Азар не блескал заедно со Реал оваа сезона.

„Азар сметам дека не го сфати сериозно трансферот во Мадрид, тоа беше клучно за неговата „посна“ или промашена сезона. Тој имаше вишок на килограми кога се појави на подготовките со Реал, а тоа е клуб во кој не се толерираат такви работи. Азар повеќе не е оној истиот од времето во Челси“, истакна Каскарино.

Реал вчера беше елиминиран од Манчестер Сити, кој на двата меча победи со идентични 2:1.