Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во големото финале на Вимблдон во машка конкуренција со максимални 3-0, по сетови 6-2, 6-2 и 7-6/4.
Ѓоковиќ во првите два сета не успеваше никако да фати ритам, а во третиот сет пружи силен отпор, но Алкараз успеа да направи брејк во деветтиот гем и беше на само чекор од триумфот.
Ѓоковиќ не дозволи веднаш да заврши мечот, успеа да спаси три меч-топки за Шпанецот и потоа успеа да го возврати брејкот, водејќи го третиот сет во тај-брејкот каде на крајот го комплетираше третиот сет со конечни 7-6/4.
Младиот шпански ас сосема заслужено го освојува вториот Вимблдон во низа.