Карењо Буста: Кога видов дека Ѓоковиќ ќе ми биде ривал за бронзата…

Шпанскиот тенисер ја оствари целта, освои медал на Олимписките игри во Токио.

Тој ја имаше веројатно најтешката задача на овие ОИ, во дуелот против Новак Ѓоковиќ неговата мисија пред мечот изгледаше скоро невозможна, но ете, Давид повторно го доби Голијат.

Пабло Карењо Буста успеа да дојде до бронзен медал во директна пресметка против Новак Ѓоковиќ, во меч каде направи пресврт.

Пресреќен сум, ова е фантастично. Освоив Дејвис куп, освојував АТП турнири, но сега и олимписки медал. Никогаш не сум доживеал вакво чувство, неверојатно е. Почувствував дека цела Шпанија е со мене, добив милион пораки полни со поддршка“,.

„Оваа недела беше многу тешка и кога видов дека Ѓоковиќ ќе ми биде ривал, се ми се распадна од надежите. Но денеска спиев како никогаш порано, цели 9 часа, се опоравив како никогаш оваа недела и излегов на терен знаејки дека Шпанија е со мене и дека нема да престанам да верувам и да се обидам до последните моменти од средбата“, порача Буста.