Кардиф ја соборува тужбата од 17 милиони евра: Сала воопшто и не беше наш играч!

Челниците на премиерлигашот Кардиф имаат намера да им воочат на органите на ФИФА дека договорот кој го потпишале со Емилијано Сала при трансферот од Нант не бил важечки.

Велшкиот клуб со недели веќе одбива да им го исплати на „Канаринците“ обештетувањето од 17.000.000 евра за напаѓачот кој загина во авионса несреќа пред два месеци. Нант во меѓувреме се жалеше пред ФИФА, а Кардиф доби рок до 3. април да се изјасни за целата ситуација.

Според наводите од Островот, Кардиф ќе наведе дека Премиер лигата одбила да го регистрира Сала од првиот обид и им ја вратила документацијата поради одредени неправилности, што, според тврдењата на Велшаните, трансферот го прави непостоечки бидејќи не можел повторно да ја пополни документацијата бидејќи загина два дена по објавата на трансферот.

Во Кардиф исто така тврдат и дека уште некои клаузули од договорот – кои Нант ги предложи – не се исполнети.

„Клубот е свесен за фактот дека има обврска да одговори на прашањата од ФИФА до 3. април и ќе го направи тоа. Засега немаме никаков друг коментар“, изјави портпаролот на Кардиф.

Од друга страна во Нант подвлекуваат дека во целост ги следат прописите од ФИФА и укажуваат на фактот дека светската куќа на фудбалот го аминувала трансферот на Емилијано Сала на денот на загинувањето 21. јануари во 17:30 чсот.

Очигледно е дека овој спор ќе се одолговлечи…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се одмотува клопчето: Погба побарал да почне преговори со Реал

Навивачите на Ливерпул се фанови по порачка – по Јунајтед сега навиваат за друг

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!