Како многумина, со проблематиката околу Хари Мегваер се согласи и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер.
Толку оспоруваниот капитен на „црвените ѓаволи“ има кошмарен период зад него, но ни одблиску не се гледа некое придвижување на подобро, па тој наскоро може и да ги напушти.
Карагер смета дека што и да се случи во иднина, тешко дека Мегваер ќе ја оживее кариерата на Олд Трафорд.
„Мислам дека за него е предоцна на Олд Трафорд. Мислам дека минатата сезона беше последната борба за него, ова треба и мора да биде неговата последна во Јунајтед, мора да се рефрешира некаде на друго место“, пишува во последната колумна Карагер за Телеграф.
Јунајтед го купи за рекордна сума од 80 милиони фунти Хари Мегваер, рекорден трансфер кога е во прашање еден дефанзивец.