Карачиќ со последен поздрав до сите Вардарци: Засекогаш ќе бидете во моето срце!

По цели седум и пол години поминати во дресот на Вардар, хрватскиот ракометар Игор Карачиќ од следната сезона ќе настапува за полски Кјелце.

Карачиќ во Скопје освои две титули во Лигата на шампионите, а по завршувањето на оваа сезона тој се пресели во редовите на Кјелце. Тој денеска преку својот фејсбук профил испрати поздрав до Вардар, до сите негови соиграчи и најмногу до навивачите, заблагодарувајќи се за фантастичните години минати во „црвено-црниот“ дрес.

„Големо фала до клубот, играчите, а најмногу до навивачите кои беа со мене во оваа преубава приказна во Вардар! Засекогаш во моето срце“, напиша Карачиќ на Фејсбук.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одредени групите за новата СЕХА сезона – познати ривалите во група за Вардар и Еурофарм

Екс репрезентативецот најново засилување на Металург

Мојсоски не мрда од Бутел

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец