Карачиќ направи добра анализа: Двајцата кои ја победија Македонија, се голема опасност и за Хрватска!

Хрватската ракометна репрезентација по Грац, се сели во Виена, каде настапуваше и Македонија до вчера.

Таму го продолжуваат вториот ешалон, или втората фаза од Европското првенство, каде „коцкестите“ за цел имаат да стигнат до полуфиналето.

Таму веднаш ги чека Австрија за противник, а екс Вардарецот, Игор Карачиќ, посочи од каде доаѓа најголемата опасност по нив.

Не смееме да се лажеме, мора да дадеме се од себе. Мора да ги изанализираме уште еднаш и не смееме да се лизнеме. Мислам дека сме подготвени. Сите со главите сме 100% насочени на ова, затоа што единствено на овој начин можеме да одиме напред. Тие играат разни варијанти, голманот им е во добра форма, најголемата опасност доаѓа пред се од левата страна од Билик“, нагласи Карачиќ.

Токму Билик беше една од најголемите опасности и за Македонија на вчерашниот дуел, нешто на кое предвремен предупредува и искусниот Игор Карачиќ кај своите колеги.

Голманот Томас Ајзенбергер вчера против Македонија забележа 15 одбрани.