Капитулира Србија по еден час игра: Ришарлисон ги „отвори“ соседите

Репрезентацијата на Србија доста време одолеваше на нападите на Бразил, кои од минута во минута беа се поинтензивни.

Во 59. минута Бразил ја имаше најопасната ситуација, кога Алекс Сандро погоди статива, а само неколку минути подоцна, по една мешаница во просторот на Србија, најдобро се снаоѓа Ришарлисон и го отвара резултатот.

Како поседот, така и играта, во досегашниот дел од натпреварот се на страната на Бразил.