Капитулација бамбини: Ферари ќе биде лош се до 2022 година

Ферари оваа сезона ги нема посакуваните резултати на почеток од сезоната, напротив, тие направија чекор назад во развојот на нивниот нов болид.

Сезонава Ферари е далеку побавен зад Ред Бул и Рејсинг Поинт, што за нив и нивните фанови е дебакл и тешко разочарување.

Но според најавите од боксот на Ферари, евентуално во 2022 година Ферари би можел да покаже завидни перформанси со болид кој дотогаш ќе го развиваат и ќе покажат добар скор.

Оваа година не сме конкурентни поради дизајнот во болидот. Имаме низа структурни слабости кои постојат веќе подолг период во аеродинамиката на возилото. Реалност е дека не сме брзи, ќе видиме што ќе се случува оваа сезона“.

„Поставуваме темели да бидеме конкурентни дури во 2022 година и да се вратиме таму каде што заслужуваме. Убедени сме дека сме на добар пат и дека работиме за добро на болидот. Имаме добар тим и умешност да почнеме нов победнички циклус“, истакна Џеон Елкан за Газета.