Капитенот на Саутемптон суспендиран на уште два меча поради „долгиот јазик“

Капитенот на Саутемптон, Џек Стивенс суспендиран е на дополнителни два натпревара поради „навредлив јазик“, а казнет е и парично со 50.000 фунти (60.000 евра), соопшти Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија.

Стивенс (30) ја „одлежа“ суспензијата од три натпревари и не настапи за „светците“ против Ипсвич, Евертон и Борнмут, поради црвениот картон што го доби на мечот со Манчестер јунајтед за опасниот старт врз Алехандро Гарначо.

Искусниот дефанзивец по исклучувањето се расправаше со судијата Стјуарт Атвел што доведе до поднесување вонреден извештај за инцидентот од арбитрот. Стивенс на рочиштето призна дека користел навредливи зборови кон главниот судија и кон четвртиот судија откако бил исклучен.

По новата суспензија, Стивенс ќе ги пропушти претстојните првенствени натпревари на Саутемптон против Арсенал и Лестер. По враќањето во англиската елита, Саутемптон по шест одиграни кола има само еден бод и е претпоследен на табелата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО