Капело искрен: Мурињо не е доволен, потребни се и играчи

Ако некој знае како Рома дише, тогаш тоа е нејзиниот поранешен тренер Фабио Капело. Не е изненадување што тој беше првиот човек кој беше контактиран од италијанските медиуми по ангажманот на Жозе Мурињо за нов тренер на „Волчицата“.

Мурињо потпиша тригодишен договор со Рома, но Капело не мисли дека Португалецот може сам да донесе промени во Рома, односно дека клубот треба да му донесе и добри играчи.

Капело инаку со Рома ја освои титулата во Серија А во сезоната 2000/01, како и Суперкупот на Италија, па нема дилеми дека знае што зборува.

„Не е доволно само да ви донесат голем тренер за да победувате. Потребни ви се и играчи“, изјави Капело.

За Мурињо ова нема да биде прв пат да работи во Серија А. Веќе седеше на клупата на Интер кога „Нероазурите“ ја освоија славната триплета.

„Тој е престижен тренер и поседува многу искуство. Над се, тренер е кој ја познава Италија многу добро. Во таа смисла, се ќе му биде полесно. Рома не е лесна за водење, но Мурињо се издигнува кога има потешкотии. Се надевам дека поради навивачите на Рома дека Мурињо ќе направи добра работа како што правеше кога беше во Интер“, заклучи Капело.