Канаѓанката Александрија Лутит го собори светскиот рекорд во скијачки скокови за жени.
Во Викерсунд, Норвешка, таа постави граница од 222 метри, кои ги прелета за време на тренингот во третата серија.
Претходно рекордот го постави Словенката Ема Клинец, која прескокна 203 метри, а потоа долета и до 221 метар, еден пократок од Лутит.
Норвежанката Марен Лундби (212,5 м) и Јапонката Јуки Ито (200 м) попладнево прелетаа над 200 метри.
NEW WORLD RECORD! @Ale_Loutitt 🇨🇦 222 meter!! pic.twitter.com/q11nDuzacn
— Geir Holen (@GeirH) March 18, 2023