Какво неискуство на Верстапен го чинеше пол-позиција во Мексико!

Макс Верстапен ја загуби пол-позицијата остварена на вчерашните квалификации во Мексико за денешната трка.

Холандскиот возач ќе стартува од 4. позиција, пред се поради казната од 3 место поназад на стартно целната рамнина.

Тој призна јавно дека ги игнорирал жолтите развеани знамиња по ударот на Ботас во ѕидот, а со тој круг тој си го подобри времето и всушност се избори за пол позиција, но бидејки тој тоа јавно го рече, стјуардите мораа да му ја одземат победата.

На зелена маса беше казнет и ја загуби пол позицијата откако стјуардите го повикаа на состанок во канцелариите на ФИА, каде беше утврдено прекорачување на правилата дозволени.

Во неговиот тим сметаат дека казната е сепак на некој начин неоправдана, односно рекоа дека е голема штета што му е одземена пол позицијата.

Шарл Леклер денеска стартува од првата позиција.