Каква смела паралела: Перез и Макс се како Сена и Прост

Сезонава Ред Бул има повторно конкурентен болид, а освен што конкуренцијата е далеку зад нив, во тимот од Австрија може да се појави проблем меѓу тимските колеги.

Серхио Перез пројави амбиции сезонава да котира високо, пред својот колега и двократен шампион, а таткото на Мексиканецот, направи интересна споредба за двајцата возачи на Ред Бул.

Мора да се потсетите на времињата кога Мекларен ги имаше Сена и Прост, ова е иста работа. Овие двајца се тигри, двајцата размислуваат исто, имаат ист доручок, јадат исто, возат исто. Во квалификациите и двајцата посакуваат пол-позиција, сакаат да ги освојат и тренинзите. Серхио сега може да вози со темпото кое го има Макс. Се уште сметам дека на неколку патеки постои некоја илјадитинка како предност на Макс, но на повеќето патеки се изедначени“, порача Антонио Перез Гарибај.

Со оглед на тоа дека Ред Бул има двајца квалитетни возачи, се очекува да има жестока битка за титулата, а од тимот најавуваат слобода меѓу двајцата за тркање на патеките до крај на сезоната.