Каква повреда, какви бакрачи: Ѓоковиќ меле на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми обезбеди пласман во четвртфиналето на првиот Гренд слем годинава откако со само пет загубени гема го помина домашниот тенисер Алекс де Минор.

Србинот славеше со 6-2, 6-1, 6-2 и уште еднаш ги распламна приказните за неговата наводна повреда на задната ложа. Во досегашните четири натпревари на Австралија Опен, Ѓоковиќ загуби само еден сет иако уште пред да почне турнирот се жали на повреда поради која, наводно, не може да се движи нормално.

Во четвртфиналето, тој ќе игра против рускиот тенисер Андреј Рубљов кој во пет сета беше подобар од Руне.