Каква мајсторија на Карачиќ во финалето: ЕХФ се прашува што ли доручкува екс Вардарецот?

Финалето во ракометната ЛШ помеѓу Барселона и Кјелце, понуди многу возбудувања, а за најубав потег на натпреварот се погрижи Игор Карачиќ.

Некогашниот ракометар на Вардар, кој е легенда на хрватскиот ракомет, постигна спектакуларен погодок со кој покажа дека има разорен удар, што неговите противници многупати го почувствувале.

Европската ракометна федерација (ЕХФ), го издвои овој момент од средбата, голот на Карачиќ во 23. минута од средбата при водство на Барселона со резултат 11:9.

Без некој поглем залет, Карачиќ успеа да упати бомба во мрежата на каталонскиот клуб, а на тоа, ЕХФ излезе со интересен коментар.

Треба ли да се прашаме што доручкува овој човек. Каков гол!“.