Каква атракција: Дејвид Култхард со Ред Бул застанаа во „Скадарлија“ на тамбураши!

По цели 83 години, низ улиците на престолнината во Србија, повторно продефилира Ф1 болид.

И тоа не каков болид, туку шампионскиот болид на Себастијан Фетел со Ред Бул од 2011 година, зад чиј волан беше славниот шкотски екс возач, Дејвид Култхарт.

Моделот РБ7 го дизајнираше Адријан Њуи и е еден од најдоминантните во историјата на овој спорт. Фетел во овој болид беше шампион втора година по ред.

Несомнено дека овој настап беше голема атракција во соседството, а уште повеќе кога се појави видеото како Дејвид Култхарт седи во една од славните кафанчиња во „Скадарлија“, каде му свират на увце познатите тамбураши.