Каков трансфер: Од шампионскиот Торонто, Ленард се сели во Лос Анџелес

Најдобриот играч на Торонто, Каваи Ленард кариерата ќе ја продолжи во редовите на ЛА Клиперс, пренесува новинарот на ЕСПН, Адриен Војнаровски.

Најбараниот слободен агент прекрши во себе и одлучи да не ги прифаќа другите понуди, меѓу кои и на неговата актуелна екипа со која неодамна освои ЛШ прстен, туку да стави договор на екипата од Калифорнија.

Многумина очекуваа дека Каваи ќе го избере Лејкерс, но не клубот со помала репутација во Лос Анџелес.

27 годишниот кошаркар минатото лето пристигна од Сан Антонио во Торонто Репторст, во замена за Демар Дерозан, а во плеј офот постигна 30.5 поени, со 9 скокови и 4 асистенции.