Лука Модриќ не го доби посакуваниот третман во Реал Мадрид откако одлучи да го продолжи договорот на уште една сезона и нема да биде изненадување ако веќе во јануари го напушти клубот.
До моментов, славниот Хрват има бројни понуди, главно надвор од Европа, а за неговото евентуално заминување зборуваше и славниот црногорски фудбалер Предраг Мијатовиќ.
„Модриќ имаше понуди од Саудиска Арабија, но одлучи да остане. Меси е заинтересиран за него, а Лука неодамна се сретна со Бекам во Хрватска и заедно ручаа“, изјави Мијатовиќ.
Со оглед на тоа што новата сезона во МЛС стартува во март, постојат услови Модриќ да замине во Интер Мајами во текот на зимата. Ако се оствари ова, тимот од Флорида ќе има спектакуларен тандем, Меси-Модриќ.