Каков пех за Верстапен, каква услуга за Хамилтон: Холанѓанецот казнет пред почеток на трката

Макс Верстапен заработи казна од 5 позиции наназад, поради вчерашното непочитување на жолтите знамиња, во моментот кога Пјер Гасли излета од квалификациите.

Холандскиот возач беше повикан веднаш по квалификациите на сослушување во канцелариите на ФИА, но за денеска беше оставено да се донесе одлука.

На нешто помалку од еден час пред трката денеска, Верстапен заработи пет позиции поназад, што значи дека тој ќе стартува од 7. позиција денеска, додека иста казна заработи и Валтери Ботас, кој од третата позиција, денеска ќе стартува од 6. позиција.

Со тоа се олеснува работата на Луис Хамилтон на денешната трка во Катар на чело од колоната, каде ќе може да вози без поголем притисок од директниот конкурент за титулата.