Каков момент: Со љубов до Хамилтон од семејството Шумахер за 91 победа

Луис Хамилтон е победник на денешната трка во Нирбургринг, со која дополнително се оддалачеи и веќе сигурно граби кон седмата титула и кон рекордот на Шумахер.

По трката, како награда Луис Хамилтон доби една од кацигите на Михаел Шумахер од минатото, а му ја врачи помладиот Шумахер, синот на Михаел, младиот Мик, кој исто така полека но сигурно граби кон Ф1.

Тој овој викенд требаше да одработи тестирања на оваа патека, но поради непогодните временски услови, му беше ускратено тоа задоволство.

Но нема ништо подобро како задоволство за Хамилтон, наградата за возач на трката да му ја врачи синот на најдобриот и најтрофеен германски возач Михаел Шумахер.