Каков мајстор е Лука Дончиќ – има податок кој го става на рамниште со Леброн Џејмс!

Младиот 19 годишен словенечки репрезентативец, Лука Дончиќ, повторно одигра еден брилијантен натпревар и го привлече вниманието на себе.

Тој одигра маестрално во победата на неговиот Далас против Минесота со резултат 119:115.

Натпреварот го заврши со 29 поени, 12 асистенции, 8 скокови и 2 украдени топки.

Со тоа Дончиќ стана најмладиот играч по Леброн Џејмс, кој успеал да запише 25+ поени и 10+ асистенции, податок кој многу зборува за неговите вештини.

Дончиќ тоа го стори со свои 19 години и 317 денови, додека тоа на Леброн му појде од рака во 2004 година, кога имаше 19 години и 95 денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвена Звезда го победи Партизан за 2:1 – „црвено-белите“ на чекор од титула

Томпсон на долга рехабилитација – што сега со неговиот договор во Голден Стејт?

Зад новиот НБА шампион стои Македонец

МВП на финалето од НБА со тажна животна приказна

Торонто испиша историја – нов НБА шампион

Титулата се врати во Аеродром: МЗТ му удри „метла“ на Работнички за седми трофеј во историјата

Баркли посочи со прст кон виновникот за повредата на Кеј-Ди

ВИДЕО: Драмата во Пионир резултираше со тројка на Партизан: Раде Загорац како Кецман!

Нено Димитријевиќ сепак се повлече од НБА драфтот во кој требаше да учествува