КАКОВ КИКС НА Ф1 ТИМОВИТЕ! Леклер сопственик на најчудната пол-позиција!

Кога сите очекуваа возбудување во последните 2 минути, сите Ф1 тимови како да се прекалкулираа и предоцна излегоа на патеката, па на крајот ситуацијата отиде во полза на возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Дури и скандалозно е каков превид беше направен и скоро никој не успеа да влезе во летечки круг, бидејки официјалното време 00:00 или црно белото знаменце „падна“ а сите возачи беа далеку зад стартно целната рамнина.

По малку конфузна ситуација, која допрва треба да биде објаснета, но ситуацијата е јасна, профитираше Шарл Леклер, кој претходно постави најдобро време, а по него во топ10 се Луис Хамилтон, Ботас, Фетел, Рикиардо, Хулкенберг, Саинц, Албон, Раиконен и Строл.