Каков егоцентрик: Макс те молиме, испочитувај го договореното, Макс те молиме…

Макс Верстапен на трката во Бразил имаше крајно егоистички пристап и разочарувачки во очите на колегата Перез и неговите навивачи.

Тој требаше во договор со тимот преку тимското радио, да го пропушти Серхио Чеко Перез напред една позиција, за да може Мексиканецот бодовно да биде пред Леклер од Ферари, но шампионот тоа не го стори.

Иако беше неколкупати замолен во последните 500 метри од трката, тој не го испочитува тимот и згазна на трудот на Перез.

Макс, заборави на ДРС, пропушти го Перез напред. Дозволи му да оди напред, Макс, те молиме…“ беше пораката на боксот до Верстапен.

Потоа го прашаа, Макс што се случи… а неговиот одговор беше… „ви реков претходно, не го барајте тоа од мене, ви дадов причина, јасен ли сум?“, порача Холанѓанецот.