Каков аргумент: Валиева по грешка земала лек за срце од нејзиниот дедо?!

Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, 15 годишната Камила Валиева, откри како дошло до непосакуваниот момент со лековите кои ги земала, а биле спротивни на правилата.

Според нејзиното тврдење, таа по грешка земала таблети наменети за нејзиниот дедо, кои ги користел за срцето.

Аргументот руската натпреварувачка го изнесе на сослушувањето пред судот за спортска арбитража (CAS), по што суспензијата и беше укината, но беше најавено дека таа нема да добие медал.

Таа беше тестирана на државното првенство на 25. декември, но тестот покажа дека е позитивна на недозволени супстанци, а сето тоа беше откриено на 8 февруари, откако почна да се натпреварува на ЗОИ во Пекинг.