Каков алтруист е Зверев: Има неверојатно барање до Австралија Опен – ќе го воодушеви Ѓоковиќ

Александар Зверев е освојувач на завршниот Мастерс кој деновиве се одржа во Торино.

Германскиот тенисер сега застанува во одбрана на Новак Ѓоковиќ кога е во прашање идниот настап на овој турнир за српскиот тениски ас.

Првично беше најавено дека кој не е вакциниран, дека нема да биде дел од турнирот и дека нема да прават никакви отстапки, сега како што наближува турнирот, се поголем е притисокот врз челниците на Австралија Опен, да направат исклучок со Новак Ѓоковиќ, бидејки тој е сепак лидер на АТП.

Тешко е тоа, бидејки тоа е политично прашање, но посетата на земјата нема никаква врска со тенисот. Доколку ни дозволат да влеземе, мора да ги следиме правилата, се надевам дека Новак Ѓоковиќ ќе присуствува. На крајот, тој е лидер на АТП, јас сум третопласиран. Ако тој не игра, полесно е за нас да го освоиме турнирот. Меѓутоа, тој е број1 и треба да биде тука со нас. Се надевам дека владата ќе дозволи Ѓоковиќ да игра во Мелбурн, со што би направила исклучок“, смета Александар Зверев.

Тој неодамна го победи Ѓоковиќ во полуфиналето во Торино, а потоа и Данил Медведев во големото финале.