Како торнадо низ Париз: Ѓоковиќ-експрес до 1/8-финале на РГ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекувано и рутински обезбеди пласман во осминафиналето од Ролан Гарос, каде заедно со Надал, важат за најголеми фаворити.

Во натпреварот против Ричард Беранкис, српскиот тенисер рутински одработи победа со 3;0 во сетови (6:1, 6:4, 6:1) и си го трасира патот кон следната рунда.

Веќе во следното коло или фаза, Ѓоковиќ ќе удри на Лоренцо Мусети од Италија, кој претходно го елиминираше Марко Чекинато.

Новак Ѓоковиќ со оваа победа, стана првиот тенисер кој во последните 12 години успеал исто толку пати да се пласира во осминафиналето, податок за почит.