Како шпанска сапуница: По расправијата, следува развод – па трансфер?!

Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди наводно ја изневерил сопругата Ванда Нара, која воедно му е и агент во кариерата.

Ова се плете како „шпанска сапуница“ и во најава има доста интересни детали кои се очекуваат да излезат во јавноста.

Сега има информации дека Ванда Нара изнајмила приватен детектив со цел да истражи со која девојка ја изневерува нејзиниот сопруг.

Според информациите на РМЦ Спорт, Икарди дури барал од ПСЖ што побргу да му овозможат да го напушти Париз и да потпише како слободен играч за друга екипа, се со цел Ванда Нара да не добива процент од неговиот трансфер во ПСЖ.

На тој начин, Икарди сака да и се одмазди на сопругата, која од него и нејзините адвокати, побарала развод, па на некој начин, Икарди со ова сака да и се освети.