Како само ја смести таму: Кузмановски со одличен гол во Германија

Македонскиот ракометар Филип Кузмановски, кој настапува во Бундеслигата, за екипата на Хановер, во последниот меч на неговата екипа, учествуваше со три голови.

Скромниот удел на репрезентативецот Кузмановски беше одбележан со еден фантастичен погодок, кој ќе се врти со денови низ Германија, па и Европа.

Честопати гледаме јалови обиди на ракометари да шутираат кон голот во последната секунда од крајот на натпреварот или крајот на полувремето, со цел да направат изненадување и да го совладат противничкиот голман, но тие удари обично 99% се оневозможени, поради густиот жив ѕид од ракометари пред изведувачот.

Но овој пат Кузмановски имаше среќа, па и умешност, па со помош на пречката, да постигне одличен погодок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DIE RECKEN (@dierecken)