Како Клоп и цел Енфилд славеа непостоечки гол на Вила: Еуфорија, конфузија, некој почна да слави…

Долги беа последните минути на Енфилд откако Ливерпул преку Мохамед Салах го постигна победничкиот гол против Волвс (2:1).

Свесни дека до пред само неколку минути на Етихад, Астон Вила имаше предност, а всушност Сити поведе со 3:2, се случи еден нестварен момент на Енфилд Роуд.

Во еден момент, кога Сити го постигна третиот гол за предност против Астон Вила, некој на Енфилд почна да слави како Астон Вила да постигнала трет гол. Конфузијата влијаеше на сите, па дури и на Јирген Клоп, кој под погрешен заклучок славеше непостоечки гол на Астон Вила.

На крајот од натпреварот германскиот тренер го објасни тој моменти.

Мислевме дека Астон Вила повторно изедначила. Не видовме кој прв почна да слави на трибини, но сите помисливме дека Астон Вила постигнала трет гол. Тоа беше еуфорија и сите се радувавме, веднаш потоа сфативме дека Манчестер Сити всушност води со 3:2“, порача Јирген Клоп.