Како ќе реагира францускиот фудбалер: Алвес го пецна Мбапе за Меси и Нејмар

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес, го пецна Килиан Мбапе, сугерирајки му дека не е толку добар колку неговите соиграчи од ПСЖ, Нејмар и Лео Меси.

Мбапе е фантастичен играч кој се уште нема сфатено дека тие оние двајца кои играат во нападот, се многу поголеми феномени од него. Голем играч мора секогаш да знае и да разбере со кого игра и дека соиграчите ги богатат твоите квалитети“.

„Меси и Нејмар се фудбалски генијалци, ако Мбапе им додава топки, тие ќе постигнат 150 голови во сезона“, истакна бразилскиот дефанзивец за Газета дело спорт.

Алвес моментално настапува со Бразил во Катар, во група со соседот Србија.