Сезоната во Формула 1 караванот е при крај. Математички е јасно дека Макс Верстапен ја освои третата титула во низа, а Ред Бул нова титула во конкуренција на конструктори.
До крајот не чека борбата за второто место во првенството и таму ќе биде многу возбудливо.
Наводно, возачот на Ред Бул, Серхио Перез добил ултиматум од австрискиот тим.
Доколку не ја заврши сезоната на второто место, следната сезона нема да биде возач на Ред Бул и неговото место ќе го заземе Даниел Рикиардо.
Претходно се зборуваше дека Перез би можел да го напушти Ред Бул бидејќи е незадоволен од односот кон двајцата возачи, со оглед на тоа што беше направено многу во корист на Верстапен.
Многумина се изненадени од оваа информација на Ред Бул и сметаат дека Перез не заслужил никаков облик на уцена.