Како е формирано „големото трио“ на Мајами

Во 2010 година, на специјална телевизиска емисија, Леброн Џејмс објави дека се сели од Кливленд во Мајами, таму веќе беше Двејн Вејд, а потоа дојде и Крис Бош. Вејд сега откри како успеал да го убеди Леброн да го остави „матичниот“ тим по седум години и да замине на Флорида.

„Му се јавив и му реков: Леброн, што ќе правиш? Коби веќе освои пет титули“, сподели Вејд во поткастот на Тони Паркер, алудирајќи на трофејот на Лејкерс таа 2010 година.

Тоа било доволно да се убеди Леброн кој неколку подоцна одлучи да му се придружи на Мајами. Таму остана четири сезони во кои освои две шампионски титули по што се врати во Кливленд и таму играше уште четири години заа во 2018 да замине во Лејкерс, чиј член е и денес. До моментов, Леброн не успеал да го стигне Коби и има четири прстени.