Како Челзи поради Обамејанг ќе останел без Тимо Вернер

Можеби станува збор за „нарушување на мирот во клубот пред важниот меѓусебен меч“, но во истиот ден кога се игра финалето од ФА Купот меѓу Арсенал и Челзи, на Островот кружи приказна за тоа како Пјер Емерик Обамејанг зимоска за малку ќе потпишел токму за „Сините“.

Можеби веста има чуден тајминг за објавување, но британски „Дејли Мејл“ пишува дека трансферот на Обамејанг во соседството, односно на „Стемфорд Бриџ“ не одшло токму поради габонскиот напаѓач, кој од Челзи барал многу поголема плата од онаа која сега ја има во Арсенал. А, на „Емирати“ добива преку 11.500.000 евра годишно, што е навистина сериозна сума на пари.

Обамејанг по бројните разочарувања во Северен Лондон и неможноста на Арсенал да се стабилизира по заминувањето на Арсен Венгер сакаше да се пресели на друго место и да си ја проба среќата во Челзи. Додуша, Челзи дури сега влегува во нешто помирни води, бидејќи Френк Лампард започна нешто ново на „Стемфорд Бриџ“ и започнува ново поглавје во историјата на клубот. Пред шест месеци се зборуваше за заминување на Жиру и Батшуаји, па Челзи беше во интензивна потрага по напаѓач и се споменуваше името на Дрис Мертенс, па дури и Единсон Кавани. Челзи сепак остана со истите сили кратко потоа се фокусираше на доведувањето на Тимо Вернер, што во мај беше официјализирано.

Инаку, Обамејанг има уште една година договор со Арсенал, но на големо се шпекулира за разговорите за нов договор и драстичното зголемување на платата. Да беше Челзи малку поупорен, денеска немаше да го има Тимо Вернер во своите редови…