Кајри Ирвинг има специфично барање од НБА поврзано со Коби Брајант

Плејмејкерот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, отсекогаш бил голем пријател на Коби Брајант, а на својот Инстаграм профил порача дека логото кое со години ја краси НБА, треба да доживее промена, во корист на легендата во овој спорт, Коби Брајант.

Ирвинг порача дека досегашниот симбол со Џери Вест, треба да биде заменет со силуетата на Коби Брајант.

Ова мора да се случи, не ми е гајле што ќе кажат останатите. Црните кралеви ја изградија оваа лига“, порача Ирвинг.

Моменталната силуета во НБА е присутна уште од 1969 година со легендарниот бек Џери Вест, кој настапуваше од 1960-та до 1974-та година во НБА лигата.

Несомнено дека Коби Брајант оствари сериозни бројки и траги зад себе во периодот во кој настапуваше во НБА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kyrie (Kaire) (@kyrieirving)