Кафу не го цени Лука Модриќ – за него Џордан Хендерсон е подобар

Легендарниот бразилски фудбалер Маркос Евангелиста Кафу (52) смета дека Ливерпул има подобар среден ред од Реал Мадрид, па ги смета Џордан Хендерсон и Тиаго Алкантара за подобри играчи од Лука Модриќ и Тони Крос.

Ливерпул и Реал Мадрид оваа сезона ќе ги одмерат силите во осминафиналето на Лигата на шампионите, а за бразилската легенда Кафуа „црвените“ имаат подобар среден ред од „кралевите“.

Кафу пред овој натпревар јасно стави до знаење дека смета дека Џордан Хендерсон и Тиаго Алкантара се подобри од Лука Модриќ и Тони Крос. Избра меѓу нив и потоа одлучи.

„Хендерсон или Модриќ? Хендерсон“, рече тој на општо изненадување, а потоа избра меѓу Тиаго и Крос , повторно во полза на играчот на Ливерпул.

Натпреварите од осминафиналето помеѓу „црвените“ и „кралевите“ ќе се одиграат на 21 февруари на „Енфилд“, а потоа на 15 март на „Сантијаго Бернабеу“.