Каевски и Димовски на пресконференција во АМС најавија како да се дојде до ваучерите за 2020

На денешната пресконференција која ја одржа АМС (Агенција за млади и спорт) и на која беа присутни директор Дарко Каевски и Даниел Димовски (претседател на комисија за доделување ваучери), објаснуваа дел од нејаснотиите за распределбата на ваучерите.

„Се очекува преку 9,5 милиони евра од реализацијата на ваучерите во календарска 2020 година“, порача Каевски и дообјасни околу тоа зошто ФФМ единствено не добиле ваучер годинава.

Ваучерот кој годинава требаше да го добие ФФМ, е расподелен меѓу фудбалските клубови. Токму поради тоа сакам да се заблагодарам на луѓето во ФФМ и останатите федерациите кои мислеа на своите клубови“, истакна Каевски, додавајки дека тоа го направиле во претходно заклучен договор со ФФМ.

На пресконференцијата зборуваше и Димовски, претседателот на комисијата за доделување на ваучерите.

Голем број спортисти ја препознаваат мерката и се поголем број компании прифаќаат ваучери за да инвестираат во спортот. Максимум данот на добивка во годината изнесува 18 милиони евра и АМС ќе направи се за да се доделат ваучери за целата сума. Сите клубови, федерации и индивидуалци, можат да поднесат апликации за ваучер“, истакна Димовски.