Македонската машка кадетска ракометна селекција ја запиша првата победа на Мундијалот кој се одржува во нашата држава. Вечерва избраниците на Данило Брестовац беа подобри од Нигерија со резултат од 37-34.
Ова беше прва радост по поразот во воведното коло до Аргентина. Но и вечерашната победа беше заработено доста тешко и со голем напор. Притоа како и што се гледа по резултатот, се играше доста ефикасно.
Ненад Костески беше убедливо најдобар поединец на теренот со со 13 гола, , додека двоцифрен беше Мартин Серафимов кој средбата ја заврши со десет погодоци.
Македонија веќе утре во рамки на 3. коло до групата Ц ќе ги одмери силите против Бахреин со почеток од 20:30 часот.