Јувентус со уште една лоша вест по поразот од Лацио

Актуелниот италијански шампион Јувентус минува низ кризен период на резултатски план кој се одрази и на пласманот на табелата. Па така сега „старата дама“ ја изгуби челната позиција во Серија А каде што се наоѓа Интер на врвот.

Тренерот Маурицо Сари по синоќешниот пораз од Лацио, дозна уште една лоша вест откако Родриго Бентанкур беше принуден да го напушти натпреварот за време на првиот дел.

„Бентанкур претрпе повреда на десната нога за време на натпреварот против Лацио и денес започна да се опоравува. Неговата состојба ќе се надгледува од ден на ден“, се наведува во соопштението на Јувентус.

Па така на тимот од Торино добие уште една непријатна вест со која ќе мора да продолжи во следните натпревари.