Јувентус се вклучи во трката за Вилијан

Навивачите на Јувентус ги очекува возбудливо лето кога станува збор за трансфери, бидејќи се очекуваат неколку доаѓања, но и заминувања.

Како што јавуваат италијанските медиуми, челниците на Јувентус сериозно размислуваат да му понудат договор на актуелниот играч на Челзи, Вилијан.

На него на крајот од сезоната му истекува договорот со Челзи, па ќе може како слободен играч да потпише за некоја од заинтересираните екипи.

Наводно, Вилијан сака повеќегодишен договор, а токму Јувентус е подготвен да му понуди договор на три години.

За него се заинтересирани и уште неколку други екипи, меѓу кои и Барселона, но и лондонските ривали на Челзи, Тотенхем и Арсенал.