Јувентус како минатото лето: Повторно ќе купува ѕвезда на „кралевите“

Италијанскиот првак Јувентус е доста активен на полето на трансфер пазаро, но нема намера овде да запре. Напротив, се очекува допрва да стигнат ѕвезди.

Откако „старата дама“ бесплатно ги обезбеди Адриен Рабио од ПСЖ и Арон Рамзи од Арсенал, а е пред потпис и на Де Лихт од Ајакс, се очекува да тргне по нова трансфер цел.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“ , Јувентус се откажал од враќање на Пол Погба и му го препушта на Реал Мадрид, а тие ќе се насочат кон купување на шпанскиот репрезентативец Иско

Од Торино се надеваат дека Реал Мадрид доколку го купи Погба од Манчестер јунајтед, Иско ќе го загуби местото во првиот тим. Токму на таа карта ќе игра Јувентус, покрај 80 милиони евра кои планира да ги понуди како обесштетување, тие на шпанскиот репрезентативец му нудат загарантирано место во првиот тим за следната сезона.