Јувентус го раскина договорот со првиот голман

Првиот голман на Јувентус, Војчех Шчесни (34) го раскинал договорот со италијанскиот клуб, пишува Фабрицио Романо. Полскиот голман имаше договор за уште една година, но тој и клубот одлучија дека е најдобро да се разделат.

Минатата сезона Шчесни беше прв избор на тренерот, Масимилијано Алегри и бранеше на 35 натпревари во италијанското првенство. Во новата сезона неговото ќе го завземе 31-годишниот Матија Перин.

Полскиот голман пристигна во Јувентус во летото 2017 година. Бранеше на вкупно 252 натпревари и прими 233 гола, во просек помалку од еден гол по натпревар. Тој освои три шампионски титули и три Купа на Италија.

Освен во Јувентус, Шчесни бранеше и за Рома (81 натпревар), за Арсенал (181 натпревар) и кратко во Брентфорд. Тој се’ уште е репрезентативец на Полска (84 меча) и бранеше на последното ЕП.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО