Јуве не се откажува: Роналдо ќе игра против Барса!?

Иако Кристијано Роналдо вчера беше вторпат позитивен на тестот на корона, постои можност тој, сепак, да заигра во големото дерби на Лигата на шампионите, против Барселона.

Дуелот се игра на 28 октомври во Торино, а и покрај правилата на УЕФА, Јувентус уште не се откажал од настапот на својата најголема ѕвезда. Наводно, „бјанконерите“ ја информирале УЕФА за состојбата во која се наоѓа португалскиот ас и дека тој ќе биде тестиран на 24 часа пред натпреварот. Ако тој тест биде негативен, Роналдо најверојатно ќе се појави на Алијанц стадионот.

Љубителите на фудбалот посакуваат тоа да се случи бидејќи повторно, по пауза од 2,5 години, еден против друг ќе излезат најдобрите фудбалери на денешнината.