Јуниорките сефтосаа со „Северна“ и висок пораз во Скопје од Романија

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација вечерва беше високо поразена во Скопје на ЕП во Б дивизијата од селекцијата на Романија со резултат 44:59.

Романија евидентно беше поквалитетна и резултатот сведочи за поразот, веќе на полувремето Романија имаше предност од 27:35.

Во вториот дел не се промени ништо подрастично, напротив, Романија ја зголеми предноста до убедлива победа.

Ова беше прв официјален натпревар на кој една наша репрезентација настапи со натпис North Macedonia на дресовите.