Јунакот на Италијаните – откажа за ЛОИ во Токио

Италијанскиот тенисер Матео Беретини, е еден од последните спортисти, кои го откажаа патувањето на Олимписките игри во Токио.

Тенисерот кој годинава стигна најмногу во кариерата, влегувајки во големото финале на Вимблдон, каде беше поразен, но успеа да му земе еден сет на Новак Ѓоковиќ, се одлучил да не се става на ризик и со неговиот лекарски тим, одлучиле да не патуваат поради повредата.

Иако се насетуваше дека Беретини може да откаже, не беше официјално се до денеска.

Претходно своето учество на ОИ во Токио го откажаа Рафаел Надал, Доминик Тим и Роџер Федерер.