Јунајтед се согласил да плати 150 милиони евра за Фати, но Барса го блокирала трансферот!

Еден од најголемите таленти во европскиот фудбал Ансу Фати летово бил на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед, тврди неговиот агент Жорге Мендес кој неодамна почна да го застапува.

Според него„ѓаволите“ биле исклучително расположени да го донесат во своите редови, се согласиле да платат 150 милиони евра што ќе беше светски рекорд за малолетен фудбалер имајќи предвид дека Фати тогаш немаше полни 18 години. Сепак, Барселона во последен момент го блокирала трансферот, веројатно од страв да не ескалира ситуацијата со навивачите кои тогаш беа гневни на управата по дебаклот во Лигата на шампионите и воопшто катастрофалната сезона, а и можноста Лионел Меси да си замине.

Идејата да се ангажира Фати била на Оле Гунар Солскјер кој очајно барал крилен играч. Обидите да се купи Џејдон Санчо не биле успешни иако Борусија Дортмунд за него бараше 108 милиони евра што е многу помалку од оние 150 за Фати.